• среда, 26 јуни 2024

Прва победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата по пауза од четири години

Прва победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата по пауза од четири години
Скопје, 23 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарите на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром со синоќешниот триумф над Студентски центар Дерби со 92-79 ја забележаа првата победа во регионалната АБА-лига по пауза од четири години. Со одлична игра од првата до последната минута, избраниците на тренерот Александар Петровиќ го запишаа првиот триумф во рамки на четвртото коло во новата сезона во која влегоа со амбиција да изборат опстанок во АБА-лигата. Клучна за триумфот на МЗТ Скопје пред домашните навивачи се покажа серијата од 16-2 остварена кон крајот на втората и почетокот на третата четвртина (60-48), која потоа беше потврдена со седум поени во низа за недостижни 72-57. Следен противник на МЗТ Скопје во АБА-лигата ќе биде Цедевита Олимпија, идната сабота. ег/цр

Тагови

Остани поврзан