• среда, 15 мај 2024

Првачињата од општина Центар положија заклетва за прием во Светската детска организација

Првачињата од општина Центар положија заклетва за прием во Светската детска организација

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Првачињата од општина Центар денеска во рамки на Детската недела положија заклетва за прием во Светската детска организација. Учениците ветија дека ќе бидат вредни и успешни и дека ќе ги почитуваат наставниците.

На свеченоста што ја организираше Општина Центар, првачињата ги поздрави и им упати честитки градоначалникот Горан Герасимовски. 

- На овој свечен ден, со заклетва станувате дел од Детската организација, најголемото светско семејство во кое рамноправно членуваат дечиња од сите светски меридијани, без разлика на бојата на кожата, без разлика на кој јазик зборуваат и со какво писмо пишуваат. Но, вие сигурно знаете дека оваа заклетва не е мала работа. Ветувањата кои ги давате мора да ги исполните. Тоа значи, дека треба да бидете вредни и дека треба да ги почитувате наставниците, рече Герасимовски. Додаде дека Општината обезбедува услови за квалитетно образование.

На свеченоста настапија хористите од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски'' со изведбите на Ода на радоста и државната химна. Театарот „Хит“ - Скопје ја изведе детската комедија „Разгалениот принц“.

Општина Центар обезбеди и подароци со дидактички материјали за првачињата. мд/са/

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан