Првата дама на САД до принцезата од Велс: Ти си храбра и ние те сакаме
- Првата дама на САД Џил Бајден објави порака со поддршка за Кејт, принцезата од Велс.

Вашингтон, 22 март 2024 (МИА) – Првата дама на САД Џил Бајден објави порака со поддршка за Кејт, принцезата од Велс.
- Ти си храбра и ние те сакаме, напиша првата дама на САД на X и го сподели видеото на британската принцеза во кое таа зборува за нејзината болест.
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. јт/