• сабота, 21 декември 2024

Пратеничкиот клуб на националните малцинства одлучи да го поддржи кандидатот на ХДЗ за претседател на хрватскиот Сабор

Пратеничкиот клуб на националните малцинства одлучи да го поддржи кандидатот на ХДЗ за претседател на хрватскиот Сабор

Загреб, 26 април 2024 (МИА) - Претставникот на чешкото и словачкото национално малцинство, Владимир Билек синоќа изјави дека Клубот на пратениците на националните малцинства одлучил да го поддржи Гордан Јандроковиќ од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) за претседател на Парламентот.

Ова го изјави за телевизијата РТЛ по средбата на осуммина пратеници од малцинството, меѓу кои и тројца Срби од Независната демократска српска партија (СДСС).

Со ова, како што пренесуваат хрватските медиуми, била елиминирана можноста малцинствата да ја поддржат коалицијата на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати, самостојно да формира ново мнозинство и влада.

Владејачката ХДЗ освои најмногу гласови, 61. Второ место со 42 мандати е централно-левичарската коалиција собрана околу СДП.

Двете партии водат разговори за формирање парламентарно мнозинство.

Преговорите на ХДЗ со десничарското движење Татковина (ДП), кое освои 14 мандати, се во тек, но еден иден пратеник веќе најави дека нема да коалицира со ХДЗ. ДП неколку пати кажа дека нема да влезе во владата со СДСС, партијата која беше дел од владата на премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на ХДЗ.

Десничарската партија Мост влезе во Собранието со 11 мандати, од кои посочија дека нема да влезат во ХДЗ, но ниту со зелено-левичарската партија Моземо, која има десет мандати и ја поддржува СДП.

Во Парламентот влегоа и три помалку либерални политички опции, регионалниот Истарски демократски парламент и Независната платформа Север со по два мандата и коалицијата Фокус-Република со еден мандат. Најавија дека ќе ја поддржат СДП.

Уставниот суд на Хрватска на крајот на минатата недела објави дека актуелниот претседател и кандидат за премиер на СДП, Зоран Милановиќ, не може да биде мандатар или премиер дури и да поднесе оставка.

Милановиќ изјави дека условот на СДП во преговорите со другите партии не е тој да биде мандатар, а подоцна и СДП објави дека се откажува од Милановиќ како мандатар.

Претседателот на Хрватска првата седница на Парламентот ја свикува најдоцна 20 дена по објавувањето на официјалните изборни резултати. Конечните резултати се очекува да бидат објавени на почетокот на следната недела. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан