• петок, 05 декември 2025

Пратеничката група на ЗНАМ со Предлог-закон бара зголемување на прагот за регистрација на ДДВ за регистрирани индивидуални земјоделци од 2 на 4 милиони денари

Пратеничката група на ЗНАМ со Предлог-закон бара зголемување на прагот за регистрација на ДДВ за регистрирани индивидуални земјоделци од 2 на 4 милиони денари

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во Собранието поднела Предлог-закон во кој се бара измена на членот 51 во Законот за Додадена вредност односно зголемување на прагот за регистрација на ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од 2 на 4 милиони денари.

Како што појасни на денешната прес-конференција пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, целта на оваа измена е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец, во кој има зголемени трошоци за производство, зголемени цени на репроматеријални, како што е горивото, зголемени цени на ѓубрива, а и цената на финалниот производ е зголемена.

Со оваа измена, потенцираше пратеникот Цеков, не бараме ослободување од данок, туку се работи за само зголемен праг на 4 милиони денари прилагоден на реалната фактичка состојба. Уште еднаш повтори дека целта е и да се намали сивата економија, да се поттикне формалното прозводство и да се почитува трудот на земјоделецот.

- Сето тоа придонесува законскиот праг од 2 милиони денари да го надминат уште во првите четири-пет месеци во годината. И потоа тие продаваат на рака односно во кеш или преку сметки на други лица, со што практично ја поттикнвуаат сивата економија бидејќи ако го надминат прагот од 2 милиони денари тие би морале да станат даночни обврзници или правни субјекти, а со тоа ќе станат правни субјекти со трошоци за книговодство, пријави, завршни сметки и други дополнителни трошоци, нагласи Цеков.

Тој додаде дека тие, како што наведе, се мачат да опстанат и на тој начин ги туркаме кон сивата економија.

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа зкаонска измена што е во полза на „човекот кој работи“. 

Цеков потсети дека Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во својата програма го вети моделот „Македонија самоодржлива земја со стимул на домашното прозиводство на храна“.

- Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец затоа што се повеќе увезуваме храна, рече на прес - конференцијата пратеникот Цеков. цр/са/

Фото и видео: МИА

 

Остани поврзан