• понеделник, 23 декември 2024

Пратениците расправаа за Законот за заштита на потрошувачи, ќе се гласа дополнително

Пратениците расправаа за Законот за заштита на потрошувачи, ќе се гласа дополнително
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Пратениците во рамки на 79-та седница денеска расправа за Предлог законот за заштита на потрошувачи по скратена постапка. Гласањето по оваа точка ќе биде закажано дополнително. -Она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните  содржини, како и правата и обврските, стои во образложението. Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење. Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи. Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови. Во тек на 79-та седница е расправата за Предлог-законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност. нд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан