• понеделник, 23 декември 2024

Пратениците Попов, Муса и Николовски учествуваат на глобална Конференција за млади парламентарци во Ереван

Пратениците Попов, Муса и Николовски учествуваат на глобална Конференција за млади парламентарци во Ереван

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав се Сергеј Попов, Мимоза Муса и Љупчо Николовски, учествуваат на десеттата глобална Конференција за млади парламентарци. На Конференцијата, која се одржува од 12 до 14 септември во Ереван во Ерменија, учесниците се осврнаа на тековните кризи во светот, кои имаат негативно влијание врз младите, особено во однос на остварувањето на правото на нивно вработување и образование.

Како што соопштија од Собранието, темата на оваа годишна конференција „Избегнување на изгубени генерации: Зачувување на образованието и вработувањето во сите околности“ е фокусирана на решенија за обезбедување континуиран пристап до образование и можности за работа за сите млади луѓе.  Целта е да им даде можности на младите без разлика на околностите.

На Конференцијата се обратија ерменскиот премиер Никол Пашинјан, претседателот на Народното Собрание на Република Ерменија, Ален Симонјан, претседателката на Интерпарламентарната унија Тулија Аксон и генералниот секретар на Интерпарламентарната унија Мартин Чунгонг.

Во своето обраќање на темата „Резервирање на зајакнување на младите во време на криза: Што можат да направат младите пратеници?“, Сергеј Попов рече дека иако се соочуваме со предизвици без преседан, нашата посветеност на зајакнувањето на младите никогаш не била поклучна.

-Како пратеници, ние стоиме на чело на оваа одговорност. Во овие турбулентни времиња, ние поседуваме единствена перспектива и суштинска улога во обликувањето на иднината на нашата нација, посочил Попов.

Според Попов, пратениците мора да ги следат проблемите и предизвиците а младите и да обезбедат дијалог со нив, бидејќи гласовите на нашата младост се ехо на утрешните аспирации. Исто така, Сергеј Попов рече дека треба да се поттикнат иновациите и креативноста и ние мора да се залагаме за образование и развој на вештини.

Како заклучок, Попов навел дека како млади пратеници, имаме моќ и одговорност да ја браниме каузата за зајакнување на младите. Со слушање, поттикнување иновации, инвестирање во образованието и водење со интегритет, можеме да направиме важна разлика.

Од Собранието соопштија дека работатата се одвивала во сесии, на кои беа разгледани следните теми - Одбројување до 2030 година: Каде сме со младинското образование и вработување?; Нарушени животи на младите: Влијанието на кризата врз социо-економските права и зајакнувањето на младите; Како правата на младите се под влијание на кризата во мојата земја?; Не оставајќи никого зад себе: Обезбедување образование и вработување на најранливите и нај маргинализираните; Резервирање на зајакнување на младите во време на криза: Што можат да направат младите пратеници?“

-Во текот на работата беше одржана и т.н. неконференција на која младите парламентарци, во рамките на генералната тема за образованието и вработувањето на младите во времето на кризи, расправаа за искористување на резултатите од образованието за подобрување на вработеноста и националниот развој за идните генерации и за глобална солидарност во криза: Заштита на образованието во конфликтните зони, се вели во соопштението на Собранието.бт/дма/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан