• недела, 22 декември 2024

Празникот Голема Богородица го честитаа МАЕИ и Пали Колефски, градоначалник на Пустец

Празникот Голема Богородица го честитаа МАЕИ и Пали Колефски, градоначалник на Пустец

Дебар, 28 август 2024 (МИА) - Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски упатија честитки по повод големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

-Во овој свет ден, кога го чествуваме вознесувањето на Мајката Божја, нека нашите срца бидат исполнети со вера, љубов и надеж. Нека Пресвета Богородица ги благослови вашите домови со мир, здравје и благосостојба, а нејзиниот светол пример да ни биде водилка низ сите животни предизвици. Честит празник!, стои во честитката на МАЕИ.

Од свое име, од име на општинската администрација и Советот на општината, честитка до сите православни верници, Македонците каде и да се, посебно до жителите на селото Церје, кои го одбележуваат патронот на црквата, упати и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Честит празник Голема Богородица на сите жители на село Церје и сите верници! Нека овој свет ден ви донесе мир, љубов и благослов во вашите домови. Да се молиме на Пресвета Богородица за здравје, среќа и благодат. Нека нејзината милост биде со нас и ни помага на сите наши патишта, посака Колефски.

Денешниот голем празник го честиташе и македонското друштво „Илинден“ од Тирана. вт/вг/

Фото: МАЕИ

Остани поврзан