• понеделник, 23 декември 2024

ПП Левица со блокада на новиот заменик-директор на Царина од ЗНАМ

ПП Левица со блокада на новиот заменик-директор на Царина од ЗНАМ

Скопје, 26 септември 2024


 
Пратеничката група на Левица поднесе над 2 500 амандмани на контроверзниот Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик, сѐ со цел да се подели пленот помеѓу сите владејачки партнери.
 
Скандалозно и вон сите етички норми, е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните.
 
Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси.

Со почит,
Секторот за медиуми и односи со јавноста при Левица
 
Политичка партија Левица

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан