• среда, 15 мај 2024

ППК Пелагонија победници во Првата машка републичка лига

ППК Пелагонија победници во Првата машка републичка лига

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) – Пингпонгарите на Пелагонија од Битола ја освоија првата позиција во Прва лига за сезона 2022/23 и со тоа успеаја да обезбедат директен пласман во Супер лига за следната сезона.

 

Како второпласирана, екипата на ППК Вардар од Скопје исто така обезбеди пласман во Супер лига за следната сезона.

 

Бараж за влез во Супер лига ќе играат екипите на ППК Астраион од Струмица и ППК Телеком Нец од Скопје против екипите на ППК Младост од Прилеп и ППК Работнички од Скопје.

 

Учество во плејофот за титулата државен првак освоија екипите на ППК Младост 96 од Прилеп како првопласирана во Супер лигата против ППК Зегин Берово од Берово и ППК Телеком Нец 2 од Скопје против ППК Шампион Фа од Штип.

 

Првите полуфинални натпревари од плејофот ќе се играат следниот викенд. зс/

Остани поврзан