• петок, 15 ноември 2024

По седми пат „Џез фестивал“ во Куманово

По седми пат „Џез фестивал“ во Куманово

Куманово, 1 ноември 2023 (МИА) -  Вечерва, по седми пат, во занаетчискиот дом Куманово со почеток во 20 часот ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2023“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“.

-Почнавме скромно во  2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Годинава не наидовме на разбирање од централите институции, поддршка имаме само од Општината, градоначалникот и Советот кои го поддржа настанот, изјави Марјан Стевановски, директор на фестивалот.

Филип Стевановски, уметнички директор рече  дека годинава ќе настапат на единствената фестивалска вечер ќе настапат квартетот „East Side Suicide“ и Гоце Мицанов Бенд кој е големо име од македонската џез сцена.

Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен, а организацијата на фестивалот ја потпомагаат и приватни компании. ам/љм/

Фото: МИА 

Остани поврзан