По руските напади во текот на ноќта, 40 отсто од жителите на Киев немаат греење
- Четириесет отсто од жителите на Киев денеска немаат греење по руските напади во текот на ноќта, соопшти на Телеграм воената администрација на главниот град.
Киев, 9 март 2023 (МИА) - Четириесет отсто од жителите на Киев денеска немаат греење по руските напади во текот на ноќта, соопшти на Телеграм воената администрација на главниот град.
„Итни прекини на струја во моментов спречуваат 40 отсто од киевските потрошувачи да добијат греење“, наведува воената администрација.
Според градоначалникот Виталиј Кличко нема проблеми со снабдувањето со вода.
Украинските сили тврдат дека собориле 34 проектили од 81 во денешните напади на руските сили во државата.
Според украинските власти, во нападите загинале најмалку пет лица во западните и во источните региони. паг/