• недела, 22 декември 2024

По протест во Нови Сад, маскирани лица се обидуват да упаднат, кршат прозорци и фрлаат факели na Градското собрание, опозицијата се огради

По протест во Нови Сад, маскирани лица се обидуват да упаднат, кршат прозорци и фрлаат факели na Градското собрание, опозицијата се огради

Белград, 5 ноември 2024 (МИА) -Во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест во кој учествуваа илјадници луѓе изразувајќи го своето незадоволство поради смртта на 14 лица на железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград.

-Несреќи нон-стоп ни се случуваат. До кога? Се додека некој не одговара. Затоа се собравме денеска да порачаме-Милоше Вучевиќу, Горане Весиќу, Милане Ѓуриќу и Александре Вучиќу-виновни сте!, порачаа на протетот носејќи парола со името „Виновни сте ќе одговарате„.

По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон центарот на Нови Сад каде атмосферата се вжешти пред просториите на СНС каде беа искршени стаклата на просторијата. Потоа продолжија пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа камења и црвена боја, беа прво искршени прозорците и вратите на градското собрание, а потоа внатре се фрлаа факели и петарди, обидувајќи се насилно да влезат во зградата, а полицијата реагираше и употреби солзавец.

И покрај силните полицијски сили маскираните лица истураа и фекалии врз зградата на Градското собрание, а приземјето на Градското собрание се запали. Нападната е и екипа на ТВ Н1.

Дел од организаторите на протестите, меѓу кои и пратеникот од опозицијата Мариника Тепиќ се оградија од конфликтните ситуации означувајќи ги маскираните лица како провокатори и уфрлени лица кои сакаат да ги редифинисаат протестите.

На Инстаграм се огласи и  претседателот Александар Вучиќ.

-Во Нови Сад траат морничави, насилни протести против државата Србија. Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела. Мојата порака е дека полицијата е многу воздржана, но немојте да мислите дека насилството е дозволено. Сите кои учествуваа ќе бидат казнети и кривично гонети од државата, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Граѓание од протестот се повлекоа од центарот и се дистанцираа од маскираните лица кои и понатаму ја напаѓаат Градската куќа предизвикувајќи ја полицијата.

-Веруваме, речиси сме сигурни дека луѓето што прават хаос се уфрлени луѓе, затоа што се обидоа со провокации уште додека бевме на железничка станица. Тие се маскирани, ние се обидовме да им ги соблечеме маските, но тие не го дозволуваа тоа, изјави на ТВ Н1 Мариника Тепиќ, пратеник и потпретседател на Странката за слобода и правда.

Околу 22 часот почна акцијата на полицијата, се апсат лица, приведен е и Горан Јешиќ поранешен покраински секретар и потпретседател на покраинската влада на Војводина.

Медиумите соопштуваат дека во Нови Сад доцна вечерва ќе пристигне  Александар Вучиќ. об/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан