• четврток, 04 декември 2025

По пристигнатите пораки за поставени експлозивни направи во училиштата, СВР Куманово врши проверки

По пристигнатите пораки за поставени експлозивни направи во училиштата, СВР Куманово врши проверки

Куманово, 28 октомври 2025 (МИА) - СВР Куманово потврди дека во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училиштата. 

-Денеска околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е-адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници, соопшти СВР Куманово.

Претходно од Секторот за образование од Општина Куманово потврдија дека на е-адресите во училиштата пристигнале дојави за наводно поставени бомби 

- Дојавата за бомби е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата, изјави раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.  ам/дма/


Фото:МИА

Остани поврзан