• недела, 22 декември 2024

По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол

По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, вршител на должноста постојан координатор на ОН, ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје.

- Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не е пречка, туку можност. „Иднина е женски род“ е за 12 извонредни жени од различни сфери на животот: 1. Кристина Атовска, воен известувач; 2. Фатма Бајрам Аземовска, активист за правата на Ромите; 3. Бисера Чадловска, диригент; 4. Стефанија Димеска, пилот; 5. Снежана Караџовска, Тркач со попреченост; 6. Магдалена Јанчова, пчелар; 7. Дороти Пачкова, Активист за правата на самохрани родители; 8. Марта Пејоска, филигранист; 9. Елизабета Петковска, занаетчика со попреченост; 10. Ива Пројковска, фудбалски судија; 11. Макфире Шаќири, возач на автобус и 12. Ленче Здравкин, филантроп, информираат организаторите на настанот.

Амбасадорот Гир и Микела Матуела, вршител на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на протагонистите на изложбата им поделија романи од четири македонски авторки.

Изложбата „Иднина е женски род“ е поставена по повод Меѓународниот ден на жената од страна на Делегацијата на Европската Унија и Јуроп Хаус Скопје, во партнерство со ОН. Дизајните ги изработи Зоран Кардула.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите на Ист Гејт Мол од 8 март до 8 април 2023 година. ир/сп/

Остани поврзан