• петок, 22 ноември 2024

По повод Божик, МД „Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници

По повод Божик, МД „Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници

Тирана, 6 јануари 2024 (МИА) - Во пресрет на соопштувањето на радосната вест за Христовото раѓање-Божик, македонското друштво „Илинден“- Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан и до сите верници.

- Дозволете ми во наше лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитаме големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божик, и да ви посакаме здравје, среќа, благосостојба, се вели во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството, радувајќи се и славејќи го животот.

И оваа година, се додава, Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош.

- Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, навистина се роди, стои во честитката на македонското друштво „Илинден“-Тирана. вт/нд/

Остани поврзан