• петок, 05 декември 2025

По повеќе од една година Нејмар се врати во репрезентацијата на Бразил

По повеќе од една година Нејмар се врати во репрезентацијата на Бразил

 

Рио де Женеиро, 6 март 2025 (МИА) – Напаѓачот на Сантос, Нејмар, доби повик да ѝ се приклучи на фудбалската репрезентација на Бразил за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина, што е негово враќање во националниот тим по повеќе од една година, објави денеска Бразилската фудбалска конфедерација.

Триесетитригодишниот Нејмар последен пат настапи за репрезентацијата во октомври 2023 година кога го повреди коленото на квалификацискиот натпревар против Уругвај.

По разочарувачкиот период во саудискиот прволигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари годинава, постигнувајќи три голови и додавајќи три асистенции во седум натпревари, со што го привлече вниманието на бразилскиот тренер Доривал Јуниор.

Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 голови. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан