• петок, 22 ноември 2024

По гаснењето на пожарот, сингапурскиот танкер тоне во близина на брегот на Шри Ланка

По гаснењето на пожарот, сингапурскиот танкер тоне во близина на брегот на Шри Ланка
Колумбо, 2 јуни 2021 (МИА) - Откако денеска беше изгаснат пожарот, танкерот полн со хемикалии почна да тоне во близина на брегот на Шри Ланка, што може да предизвика еколошка катастрофа. Танкерот „Х-Прес Перл“, регистриран во Сингапур, гореше 12 дена, а поради неговото потонување стотици тони гориво и хемикалии ќе се излеат во морето и ќе го уништат морскиот свет. Морнарицата на Шри Ланка и на Индија изминатите денови заедно го гаснеа пожарот, а сега се обидуваат да спречат кршење и потонувањето на бродот, но операцијата е отежната од немирното море и монсунските ветрови. Портпаролот на морнарицата Шри Ланка, Индика Силва изјави дека спасувачите се обидуваат да го повлечат бродот во длабокото море пред да потоне, со цел да се минимизира загадувањето на морето. Крајбрежната област во близина на градот Негомбо е веќе загадена со нафта. Министерството за риболов на Шри Ланка објави дека стапиле во сила итни мерки за заштита на лагуната Негомба и околните области. Танкерот се се запали кога беше вкотвен во близина на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, чекајќи да влезе во пристаништето. Танкерот превезуваше 1.486 контејнери, вклучувајќи 25 тони азотна киселина и други хемикалии, што на 15 мај биле натоварени на пристаништето Хазира, во Индија. Екипажот беше евакуиран минатата недела. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан