• петок, 16 јануари 2026

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.са/дма/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан