• четврток, 23 мај 2024

Почнува 19. Саем за вработување и кариера - Job Fair 2024

Почнува 19. Саем за вработување и кариера - Job Fair 2024

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Под мотото „Првиот чекор кон твојата кариера“, Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) - Скопје од денеска до 19 април го организира 19. Саем за вработување и кариера - Job Fair 2024.

Како што наведува БЕСТ, Job Fair е настан кои ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Годинашното издание ќе се одржува во во техничко-технолошкиот кампус, каде секоја од партнер-компаниите ќе може да се запознае со студентите од техничките кампуси.

-Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е одлична можност за секој студент да ги надгради своите професионални вештини, да извлече вредни информации околу индустријата, но пред сè,  да се запознае со претставници од компании кои ќе му помогнат полека да се вклучи во пазарот на трудот, наведуваат организаторите.

Саемот има и официјална веб страница www.jobfair.org.mk преку која заинтересираните може детално да се информираат. мч/вг/

фото: БЕСТ

 

Остани поврзан