Почнува судењето за сексуална злоупотреба против Кевин Спејси во Лондон
- Двојниот оскаровец денеска оди на судење во Лондон, Велика Британија, под обвинение дека пред околу 20 години сексуално нападнал четворица мажи.

Лондон, 28 јуни 2023 (МИА) - Двојниот оскаровец Кевин Спејси денеска оди на судење во Лондон, Велика Британија, под обвинение дека пред околу 20 години сексуално нападнал четворица мажи.
Инаку, 63-годишниот Американец се изјасни невин по десетина точки од обвинението, вклучително и за сексуален напад и поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.
Доколку биде прогласен за виновен, познатиот глумец може да биде осуден на неколку години затвор. си/
Фото: МИА архива.