Почнува петтата сезона „Ракомет За Секое Дете“
- Под слоганот „Кој е за ракомет?“ денес почнува петтата сезона од проектот „Ракомет За Секое Дете“.
Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - Под слоганот „Кој е за ракомет?“ денес почнува петтата сезона од проектот „Ракомет За Секое Дете“.
- Целта на активностите е да се промовира ракометот како спорт кој со децении ја претставува Македонија на меѓународната сцена и да се мотивира најмладата генерација момчиња и девојчиња да се занимаваат со спорт, дружење и здрави навики. Проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој започна во 2021 година, се состои од три сегменти: школа за ракомет во повеќе населби во Скопје и во Велес, Јуниор Куп - турнирски систем во мини-ракомет, меѓународен ракометен камп „40х20“, кој ова лето ќе го одбележи своето јубилејно петто издание во Охрид со учесници од земјата и странство. Со оваа иницијатива, „Ракомет За Секое Дете“ продолжува како општествено одговорен проект посветен на развојот на спортот, социјализацијата и здравиот раст и развој на децата, соопшти организаторот КМГ Спорт.
Промотивната кампања ќе трае во текот на овој месец.
Кампањата опфаќа организација на настани со демо-тренинзи и натпревари во мини и голем ракомет на отворено, наменети за деца од 6 до 13 години. Настаните ќе се одржат на повеќе локации во Скопје и Велес, каде што засега функционира проектот, и ќе бидат од отворен карактер. зс/
Фото: КГМ Спорт