• петок, 22 ноември 2024

Почнува „Етно плоштад фестивал“ во Берово

Почнува „Етно плоштад фестивал“ во Берово

Берово, 25 август 2023 (МИА) - Со настап на културно-уметнички друштва од земјава и од странство и богата музичка програма, вечерва започнува традиционалниот „Етно плоштад фестивал“.

Предвиден е настап на Жељко Самарџиќ, а во рамки на тридневната програма, како што информираа организаторите, ќе има познати македонски музички имиња и локални изведувачи.

- На првиот ден од фестивалот, вечерва ќе настапат КУД „Димитар Беровски“, фолклорно друштво од Кумровец, „Беровски тамбураши“, „Етно група Брус“, групата „Зипка - Клапа“, а тука е и фестивалот на детски песни „Малешевско ѕвонче“. Забавата ќе заврши со настап на „2 Night band“. Во деновите што ќе следуваат ќе ги проследиме настапите на Пајак и Лара, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и други, информираа од Општина Берово.

Во рамките на „Етно плоштад фестивалот“, се организира и саемот „Малешевијата на дланка“.

- На саемот, присутните можат да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично, додадоа организаторите.

„Етно плоштад фестивал 2023“ ќе започне со дефиле на учесниците, по што ќе следува свеченото отворање на културниот настан, кој се очекува да привлече над 30.000 посетители во текот на трите вечери од програмата. вс/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан