Почнува Европското екипно првенство во шах, македонските репрезентации очекуваат добар настап
- Во црногорскиот град Будва денеска почнува 24. Европско екипно првенство за шахисти и 15. Европско првенство за шахистки, а македонскиот шах ќе биде застапен со репрезентации во двете конкуренции.

Будва, 11 ноември 2023 (МИА) – Во црногорскиот град Будва денеска почнува 24. Европско екипно првенство за шахисти и 15. Европско првенство за шахистки, а македонскиот шах ќе биде застапен со репрезентации во двете конкуренции.
Во составот на машката репрезентација, селекторот Атанас Кизов ги повика интернационалните мајстори Филип Панчевски, Никола Николовски, и Тони Лазов, како и двајца фиде мајстори – Емил Ристески и Андреј Велјаноски.
Во составот на женската репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски се биде мајсторот Моника Стојковска, како и Ивана Манова, Катерина Петровска, Сања Трајковска и Моника Жежовска.
Двете репрезентации изразија задоволство од реализираните подготовки и најавија добар настап на Европското првенство кое ќе трае до 20 овој месец. ег/лв/
ФОТО: ШФМ