• петок, 06 септември 2024

Почна тридневното гласање на локалните избори во Русија

Почна тридневното гласање на локалните избори во Русија

Москва, 6 септември 2024 (МИА) - Во неколку региони на Русија денеска започна тридневно гласање на избори на различни нивоа, вклучително и директни избори за гувернери во 21 регион на Руската Федерација, избори за пратеници во Московската градска дума, како и дополнителни избори за пратеници во Државната дума.

Во некои региони, изборите ќе се одржат два дена (7 и 8 септември), додека во други, денот за гласање е 8 септември. Вкупно ќе се одржат над 4.000 изборни кампањи во 83 региони.

Дополнителните избори за пратеници во Државната дума ќе се одржат во три испразнети едномандатни изборни единици во Република Хакасија, Брјанската и Ростовската област.

Во Москва, од денеска до недела, ќе се одржат избори за пратеници во Московската градска дума од осмиот состав, пратеници во осум општински окрузи на Новата Москва и во општинскиот округ Куркино.

Се очекува Централната изборна комисија да ги утврди општите резултати од дополнителните избори најдоцна до 23 септември, а до 28 септември треба да бидат објавени резултатите за бројот на гласовите што ги добил секој регистриран кандидат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан