• сабота, 13 јули 2024

Почна традиционалната акција „Подари пакетче, подари љубов" на хуманитарната организација „Свети Спас”

Почна традиционалната акција „Подари пакетче, подари љубов

Скопје, 25 декември 2023

Денес, понеделник, 25.12.2023, Хуманитарната Организација “Свети Спас” официјално започна со традиционалната акција "ПОДАРИ ПАКЕТЧЕ, ПОДАРИ ЉУБОВ". Голем број на волонтери од денес до среда (27.12.2023 год.) ќе бидат на следните пунктови и ќе очекуваат донации од пакетчиња од хуманите граѓани на следните локации:
1. ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ од 12.00 часот до 20.00 часот;

2. ВЕРО ЏАМБО од 12.00 часот до 20.00 часот;

3. СУПЕРТИНЕКС на бул. “Борис Трајковски” од 12.00 часот до 20.00 часот и

4. СТОКОМАК - Драчево од 12.00 часот до 20.00 часот.

И оваа година Хуманитарната Организација “Свети Спас” пакетчињата ќе ги подели  на дечињата од социјално загрозените семејства, на дечињата без родителска грижа, на дечињата со посебни потреби, прифатниот центар Визбегово...

Да не заборавиме: Кога љубовта се дели, таа сѐ повеќе се размножува. Да подариме пакетче и да добиеме детска насмевка.

Бог да ве благослови!!!

 

Фото: Хуманитарната организација „Свети Спас” 

Хуманитарната организација „Свети Спас” 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан