Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови
- Вакцината позната како „БНТ-116“ е произведена во „Бионтек“, а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува.

Лондон, 23 авгyст 2024 (МИА) - Лекарите од седум земји почнаа со тестирање на првата мРНА-вакцина против рак на белите дробови на пациенти. Клиничкото испитување на луѓе во првата фаза се спроведува на 34 истражувачки места во Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.
Вакцината позната како „БНТ-116“ (BNT116) е произведена во лабораториите на компанијата „Бионтек“ (BioNTech), а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува и спречува да се вратат, пишува „Гардијан“.
Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болните лица од рак, а здравите клетки да останат непроменети. си/
Фото: МИА архива