Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“
- Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева.
Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) - центар на социјалниот живот на почетокот на веков.
Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски.
Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет. хс/са/