• понеделник, 16 март 2026

Нови меѓународни медали за ученици на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ Битола

Нови меѓународни медали за ученици на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ Битола

Битола, 16 март 2026 (МИА) - Ученици на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ Битола се наградени на 22. издание на Светската детска ликовна изложба организирана од Министерството за образование и наука на Романија, Општина Липова и Детскиот ликовно-креативен клуб од Липова.

На конкурсот во Романија, ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ учествува од првиот ден на изложбата, 22 години, а оваа година учениците постигнаа најголем успех освојувајќи четири медали и 10 дипломи.

Први места и златен медал освоија ученичките Стефанија Димитријовска и Леа Стерјев, а со сребрени медали се здобија ученичките Ана Марија Спировска и Андреа Ресановиќ.

На конкурсот во Романија годинава учествуваа над 20 држави кои формираа фонд од повеќе од 5.000 детски ликовни дела, а единствен македонски претставник беше Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола.мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан