• петок, 26 јули 2024

Почна реконструкција на фасада на подрачно училиште во кумановското село Љубодраг

Почна реконструкција на фасада на подрачно училиште во кумановското село Љубодраг
Куманово, 12 јули 2022 (МИА) - Почна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на подрачното училиште во кумановското село Љубодраг, објект на Општинското основно училиште „Карпош“.
Екипите се на терен и според надлежните од училиштето, реконструкцијата ќе биде темелна.
- Проектот покрај реконструкција на фасада опфаќа и целосно нов покрив, прозорци, врати, подови, греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост, објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Претходно, беше саниран покривот на училиштето. Проектот, финансиран од Министерството за образование и наука и поддржан од Општината предвидува реконструкција на покривот, подовите и тоалетите, замена на прозорците и вратите, како и изградба на нов систем за парно греење на пелети, фасада.
Реконструкцијата со адаптација на подрачното училиште во село Љубодраг се реализира во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и наука и Општина Куманово.
Надлежните од училиштето и претставниците од МОН и Општина Куманово, изведувачот и надзорот потпишаа договор на почетокот од мај  годинава. Изведувачот има рок од четири месеци да го заврши проектот и се очекува учениците од ова подрачно училиште од наредната учебна година да следат настава во реконструиран објект.
Училиштето е изградено во средината на 70-тите години од минатиот век. ам/мд/

Остани поврзан