Почна реконструкција на семафори низ Куманово
- По реакциите на граѓаните, повеќекратните оштетувања, интервенции на светлосната сигнализација и ефикасно спроведување на системот „Безбеден град“ во Куманово, општина Куманово почна со реконструкција на сигнализацијата на повеќе локации
Куманово, 11 март 2026 (МИА) - По реакциите на граѓаните, повеќекратните оштетувања, интервенции на светлосната сигнализација и ефикасно спроведување на системот „Безбеден град“ во Куманово, општина Куманово почна со реконструкција на сигнализацијата на повеќе локации. Градоначалникот Максим Димитриевски на прес-конференција информираше дека постапката е завршена и избран е изведувач кој ќе изврши целосна замена на семафорите и контролните уреди. Во тек е поставувањето на семафорите на булеварот „Трета МУБ“, кај зелениот пазар и кај крстосницата со „Народна Револуција“.
-Претходно беше интервенирано од наша страна и беше променета светлосната сигнализација, но за жал поради вандалско однесување на поединци. Спроведена е постапка, треба да направи комплетна реконструкција на три крстосници во градот – вели Димитриевски.

Кумановци бараа замена на сигнализацијата како предуслов за воведување на „Безбеден град“.

Во однос на четвртата локација на влезот во населбата „Перо Чичо“ ќе се интервенира со техничка реконструкција поради констатирани дефекти. Реконструкцијата, според најавите, треба да обезбеди поголема безбедност и функционалност на сообраќајот, особено на локации со зголемена фреквенција на ученици и пешаци. Пешаците и возачите реагираат на состојбата и бараа побрзо решавање на проблемот од општината, но и апелираат до СВР Куманово, полициски службеници да го регулираат сообраќајот. ам/вј/
Фото: МИА и социјални мрежи