Почна реконструкција на повеќе улици во приградските населби во Куманово
- Почна реконструкција на улици во повеќе населени места во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

Куманово, 16 април 2025 (МИА) - Почна реконструкција на улици во повеќе населени места во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.
Завршено е асфалтирањето на улиците „320“, „324“ и „325“ во населбата Ајдучка Чешма. За асфалтирањето на овие улици во оваа приградска населба од општинскиот буџет се одвоени над 5, 7 милиони денари (5.784.548.09 со вклучен данок на додадена вредност). Жителите на населбата со години бараа асфалтирање за подобра конекција со главните улици и поголема безбедност на пешаците.
Во тек е реконструкција на патниот премин со железничка пруга во село Черкези. Во моментов се реконструира и улицата „705“ во населбата Перо Чичо. Бекатон се поставува и на улицата „Цар Самуил“. ам/цр
Фото: Општина Куманово