• петок, 22 ноември 2024

Почна реконструкција на патот Младо Нагоричане -Зебрњак, општина Старо Нагоричане

Почна реконструкција на патот Младо Нагоричане -Зебрњак, општина Старо Нагоричане
Куманово, 24 април 2023 (МИА) - Почна реконструкција на патот од село Младо Нагоричане до Зебрњак Старо Нагоричане, соопштија денеска од општина Старо Нагоричане.

- Досега реконструирани се два километри од патот кој е во вкупна должина од 4, 2 километри. Ширината е 5, 20 метри. Се надеваме дека со реконструкцијата ќе се обезбеди побрзо, побезбедно поврзување на жителите од општините Куманово и Старо Нагоричане преку овој таканаречен „стар паланечки пат“, изјави заменик градоначалник, Бобан Цветановски.

Средствата се обезбедени од ЈПДП, а го изработува Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта-Македонија пат.

Претходно, од општината соопштија дека почната е реконструкција на патот од село Врачовце до село Жегљане во должина од 2.750 метри. ам/цр
 
Фото: ФБ Општина Старо Нагоричане
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан