• среда, 15 мај 2024

Почна реконструкцијатa на покривната конструкција на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово

Почна реконструкцијатa на покривната конструкција на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово

Тетово, 20 септември 2022 (МИА) - Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ќе добие нова покривна конструкција. Вчера започнаа градежните работи со кои ќе се замени стариот и дотраен покрив поради кој при врнежи од дожд пропушташе вода во внатрешноста на објектот.

-Инфраструктурните проблеми во Центарот за култура во Тетово се многубројни и долгогодишни. Со работа и посветеност во текот на 2022 година сме на прагот да го реализираме големиот проект наречена „Реконструкција на куполата“, повеќегодишна проблематика со кој се соочува нашата институција, а истовремено го попречува нормалното функционирање во реализацијата на културните активности, изјави директорот Арлинд Хусеини.

Центарот доби средства во висина од 2.420.000 денари од Министерството за култура за овој потфат.

-Од Министерството за култура добивме толку колку што треба средства според проектот со цел комплетно да се заврши оваа реконструкција, бидејќи покривот беше многу пробламатичен поради прокиснувањето и не можеше нормално да функционира целиот објект, потенцира Хусеини.

Во текот на летните месеци заврши целосна реконструкција на вториот кат, познат како Анекс Ц во Центарот за култура. Потрошени пари се 2 милиони денари

-Вториот кат беше комплетно руиниран и без струја, сега сето тоа е уредено. Дел од просториите во иднина ќе ги користат вработените во Центарот за култура за канцеларии, а дел од ќе може да се користи од уметници, друштва и здруженија, со закажани термини. Има повеќе простории и повеќе можности за користење на простории, изјави Хусеини.

Во иднина предвидено е да се работи и на реконструкцијата на приземје и првиот катас/мд/

Остани поврзан