Почна реконструкцијата на улицата „Димитар Влахов“ во Велес
- Општина Велес синоќа почна со градежни зафати за реконструкција на улицата „Димитар Влахов“.
Велес, 13 август 2024 (МИА) - Општина Велес синоќа почна со градежни зафати за реконструкција на улицата „Димитар Влахов“. Се работи за главна улица од левата страна на градот, која ќе го опфати и потегот преку Нов мост (без Нов мост) до кружната крстосница пред Стоковната куќа во центарот на Велес.
Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев, во тек е гребење на стариот асфалт и изведба на подготвителни активности пред асфалтирање.
- Инфраструктурните зафати за реконструкција на главните велешки улици ги изведуваме ноќе, се со цел да не го попречиме нормалното одвивање на сообраќајот и создавање на сообраќајни метежи во текот на денот, потенцира Колев.
Најави целосна реконструкција и на останатите велешки улици, кои градежни активности Општина Велес ги изведува континуирано без прекин. ад/мд/
Фото: Општина Велес