Почна реконструкцијата на локалниот пат Гостивар - Здуње
- Градежните работи на реконструкцијата на локалниот пат од Гостивар до селото Здуње треба да завршат за помалку од еден месец, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани посетата на градилиштето.

Гостивар, 16 април 2025 (МИА) - Градежните работи на реконструкцијата на локалниот пат од Гостивар до селото Здуње треба да завршат за помалку од еден месец, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани посетата на градилиштето.
Лимани напомена дека овој проект предвидува реконструкција на коловозот со должина од околу 1,5 километар со замена на стариот асфалтен слој со нов и ширина од 5,5 метри.
- Во тек се работите на вадење на оштетениот асфалтен слој и порамнување со тампон. Наскоро треба да почнат и подготовките за асфалтирање по целата должина. Во зависност од временските услови, овој зафат треба да заврши пред крајот на мај, рече Лимани.
Тој дополни дека овој локален пат бил во лоша состојба и една од најоштетените сообраќајници. Жителите на едно од најнаселените населби со години наназад бараа решение за делницата од крстосницата до влезот на селото.
Овој проект чија вредност е над 10 милиони денари се реализира со средства обезбедни во соработката со Владата на Република Северна Македонија од првиот повик. згм/сст/
Фото МИА