• четврток, 26 март 2026

Почна реконструкцијата на кејот „13 Ноември“

Почна реконструкцијата на кејот „13 Ноември“
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Екипи на градските власти денеска почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата „Стив Наумов“. Со овој проект, партерно ќе се уреди површина од околу 12.500 квадратни метри која концептуално ќе се поврзе со околните објекти. На почетокот на активностите за уредување на овој дел од кејот, присуствуваа премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Проектот е вреден 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Рокот за изведување на проектот е четири месеци. Се работи за површина од 12.500 метри квадратни, која ќе го поврзе Плоштадот со улицата „Стив Наумов“. Предвидено е ново поплочување, патека за лица со инвалидност, дрворед, ќе бидат поставени клупи, нова урбана опрема, смарт-клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери, канделабри, рефлектори за осветлување… Премиерот Зоран Заев истакна дека предностите на оваа реконструкција ги прифатија и сопствениците на угостителските локали на кејот. Најави дека тие лично ќе направат демонтажа на летните тераси за да се овозможи непречено извршување на работите. -Тоа ми потврдува дека и тие како и сите граѓани на Скопје и градските власти ја препознаа дополнителната вредност на овој проект. Модерно уредениот кеј ќе ја зголеми фреквенцијата на посетители и ќе поттикне туристичка раздвиженост на кејот, а тоа значи и повеќе гости во самите угостителски објекти, изјави Заев. Заев нагласи дека пандемијата со КОВИД-19 не научи колку се значајни слободните јавни простори, облагородени со зеленило за да се овозможи слободно движење на  луѓето во здрави животни средини. -За мене и за Владата е важно што ќе ослободиме уште еден дел од јавните површини кои беа окупирани од „Скопје 2014“, особено долж кејот на Вардар и што сега ќе се ослободат и влезовите од северната страна на Градскиот трговски центар, еден од најпрепознатливите маркери на Град Скопје, рече Заев. Градоначалникот Шилегов изјави дека на кејот ќе се креира доволно простор за сите корисници – за граѓаните кои го користат за прошетки, одмор и за релаксација, но и за бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти. - Рокот за изведување на работите е четири месеци, а во текот на летната сезона кејот „13 Ноември“, гордоста на нашиот град, повторно ќе биде преполн со сограѓани кои ќе се чувствуваат пријатно и ќе уживаат во благодетите и функционалноста што ќе ги нуди најубавиот јавен простор во Скопје, нагласи Шилегов. Се работи за површина од 12.500 метри квадратни, која ќе го поврзе Плоштадот со улицата „Стив Наумов“. Предвидено е ново поплочување, патека за лица со инвалидност, дрворед, ќе бидат поставени клупи, нова урбана опрема, смарт-клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери, канделабри, рефлектори за осветлување…мд/са/  

Остани поврзан