• четврток, 26 март 2026

Почна проширувањето и изградбата на пешачка конзола на штипската улица „Маршал Тито“

Почна проширувањето и изградбата на пешачка конзола на штипската улица „Маршал Тито“

Штип, 28 април 2025 (МИА) - Почна изградбата на пешачката конзола на улицата „Маршал Тито“ во Штип со цел да се прошири коловозот и да се добијат нови паркинг места од Трговскиот центар до мостот кај зградата на Стопанска банка.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска во изјава за медиумите рече дека ова е една од најфрекветните улици во градот за којашто има потреба да се прошири.

- За оваа делница, јавната набавка, односно тендерот којшто беше завршен е во вкупен износ од шест милиони денари. Но, ќе се работи фазно. Во првиот дел се предвидени три милиони денари што ќе бидат потрошени за уредување на оваа конзола, од зградата на Основниот суд до платформата, изјави Јорданов.

Со проширувањето на коловозот, на овој потег ќе се овозможи косо паркирање на возилата, а улицата ќе остане еднонасочна за сообраќај за да има побрз проток на возила. вдј/бак/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан