Почна пробивање на пат во кумановското село Зубовце
- Почна пробивање на пат од кумановското село Зубовце кон месноста „Самовилска вода“ во кумановско, соопштија денеска надлежните.
Куманово, 7 декември 2023 (МИА) - Почна пробивање на пат од кумановското село Зубовце кон месноста „Самовилска вода“ во кумановско, соопштија денеска надлежните.
- Општина Куманово во соработка со месното население во моментов врши пробивање и тампонирање на месниот пат за локалитетот „Самовилска Вода“ и село Зубовце, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Од секторот за комунални дејности од општина Куманово информираа дека станува збор за пат во должина од пет километри
- Патот првин ќе се пробива, а подоцна и ќе се тампонира, изјави помошник раководител на секторот, Момчило Јовановски.
Оваа година ова е прво пробивање на пат во рурална средина, која следува откако жителите на ова село во неколку наврати бараа да се среди патот.
Лани општина Куманово делумно ги пробиваше и тампонираше патишта од манастирот Свети Ѓорѓи до село Бељаковце, до селото Довезенце како и на новата улица во населбата Карпош каде претходно беше извршена експропријација и се реши деценискиот проблем на жителите од приградската населба. ам/
Фото: Општина Куманово