• четврток, 26 март 2026

Почна постапката за изградба на пат до маалото Алебаци во селото Саса

Почна постапката за изградба на пат до маалото Алебаци во селото Саса

Македонска Каменица, 15 август 2025 (МИА) – Општина Македонска Каменица ја започна постапката за изградба на локален пат во должина од 1.430 метри до маалото Алебаци во село Саса.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска ја потпиша одлуката за спроведување на јавна набавка за избор на најповолен изведувач на градежните работи.

Проценетата вредност на инфраструктурниот проект изнесува 6.625.725 денари без ДДВ, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општината.

„Градежните работи ќе започнат веднаш по изборот на изведувачот. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на постоечката и изградба на нова инфраструктура во сите населени места, со цел подобро поврзување и побезбедно движење на сите наши граѓани“, изјави Атанасовски. вс/рп/

Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан