Почна поставувањето на фекална канализација во индустриската зона Речица во Кумановско
- Во индустриската зона финансирана од потпрограмата на Владата, покрај изградбата на фекална канализација, ќе се уредува и водоводна мрежа, атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, осветлување на зоната. Вредноста на склучениот договор со избрана компанија на тендер е денари изнесува 208.554.681.86 денари со вклучен данок на додадена вредност. Уредувањето на зоната е приоритет на општината, со оглед дека функционираат домашни и странски компании.
Куманово, 11 јуни 2025 (МИА) - Почна поставувањето на фекална канализација во индустриската зона Речица во Кумановско, соопшти денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Во индустриската зона финансирана од потпрограмата на Владата, покрај изградбата на фекална канализација, ќе се уредува и водоводна мрежа, атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, осветлување на зоната. Вредноста на склучениот договор со избрана компанија на тендер е денари изнесува 208.554.681.86 денари со вклучен данок на додадена вредност. Уредувањето на зоната е приоритет на општината, со оглед дека функционираат домашни и странски компании.

На претходниот повик Куманово доби најмногу средства за реализација на три проекти изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници во индустриска зона-Речица во општина Куманово, реконструкција на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“ и изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа, дел од улицата „Б. С, Бато“ до село Доброшане (со индустриска зона долж патот во Доброшане).

Општина Куманово на вториот владин повик за инфраструктурно уредување на општините аплицира со единаесет проекти: изградба на градинка во населбата Зелен рид, изградба на гасоводна мрежа во индустриската зона Карпош, како и на училиштето „Толи Зордумис“ и гасификација на пет улици во различни подрачја од Куманово. Општина Куманово ќе аплицира и за изградба на седум улици во населбите Гладно поле, на една Ајдучка Чешма, за улицата „Авној“ со четири пропратни во населбата Зелен Рид, за реконструкција на улиците „Индустриска“ и во урбана единица „Проевце“, за реконструкција на спортската сала во делот на електрика и партерно уредување и изведба на систем за ладење и греење. Општината има проект за и реконструкција на мостот на река Пчиња кој е во исклучително незавидна состојба и за реконструкција на домот за стари лица „Зафир Сајто“. ам/цр
Фото: Општина Куманово