• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почна изградбата на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи – инвестиција од буџетот на Општина Чаир

Почна изградбата на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи – инвестиција од буџетот на Општина Чаир

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, заедно со заменичката министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу го претставиле проектот за реконструкција и изградба на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, помошното спортсо игралиште ќе има должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Посочуваат дека проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта. Работите се очекува да завршат во рок од 45 до 60 дена.

Според Меџити, оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.

-Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот, истакнал Меџити.фф/са/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан