• четврток, 26 март 2026

Почна доизградбата на речното корито на Козјачка река во Карбинци

Почна доизградбата на речното корито на Козјачка река во Карбинци

Карбинци, 24 септември 2025 (МИА) - Започна доизградбата на речното корито на Козјачка река во Општина Карбинци.Оваа шеста фаза вклучува продолжување на кејот на реката со должина од 140 метри, што е дел од поголем проект за безбедноста на жителите, особено при поплави. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека дополнително, ќе се изгради нова рекреативна патека покрај реката, а како што истакна  Паунов оваа инвестиција ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ја зајакне заштитата на локалното население.

-Започнуваме со реализација на уште еден голем значаен проект за општина Карбинци, но и пред се за селото Карбинци. Се работи за доизградба на речното корито на реката Козјачка во атерот на селото Карбинци. Имено се работи за веќе шеста фаза или шести дел кој што ќе значи продолжување на самиот кеј на ова речно корито,рече Паунов.

Проектот е финансиран од страна на Бирото за регионален развој и се  очекува да биде завршена до крајот на оваа година. вдј/

Фото: МИА 

Остани поврзан