• петок, 05 декември 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин (ДПЛ)

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин (ДПЛ)

Eнкориџ, 15 август 2025 (МИА) - Преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа во Алјаска за можен крај на руско-украинската војна.

Разговорот се одвива во една од просториите на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што се истакнати националните знамиња на двете земји.

Заедно со двајцата шефови на држави присуствуваат на состанокот и американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на Белата куќа Стив Виткоф од американска страна, како и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков.

Двајцата претседатели се воздржаа од изјави за медиумите на почетокот на преговорите и не одговорија на прашања од претставници на медиумите. зш/
фото ДПА

Остани поврзан