• петок, 05 декември 2025

Почнаа подготовките за конзервација на покривната конструкција на Манастирскиот комплекс „Свети Леонтиј“ во Водоча

Почнаа подготовките за конзервација на покривната конструкција на Манастирскиот комплекс „Свети Леонтиј“ во Водоча

Струмица, 24 јули 2025 (МИА) - Стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица денеска извршија увид на теренот во Манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во Водоча, во рамки на подготовките за реализација на капиталниот проект за конзервација на покривната конструкција на овој значаен сакрален објект, информираа од оваа установа.

- Проектот, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам, има за цел заштита и унапредување на архитектонско-историското наследство. За реализацијата на оваа активност, за 2025 година, се одвоени финансиски средства во висина од 1.200.000 денари, се наведува во информацијата.

Се очекува со интервенцијата да се обезбеди долгорочна заштита на манастирот од атмосферски влијанија и да се создадат услови за негова поголема валоризација и посетеност. рт/бак/

Фото: НУ „Завод и Музеј Струмица“

Остани поврзан