• понеделник, 23 декември 2024

Почина џелатот кој изврши најмногу егзекуции во Бангладеш

Почина џелатот кој изврши најмногу егзекуции во Бангладеш

Дака, 25 јуни 2024 (МИА) - Извршителот на најголем број смртни казни во Бангладеш, Шахџахан Буџан, почина во болница во главниот град Дака, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на локални медиуми.

Буџан (74) почина откако вчера беше примен во болница жалејќи се на болки во градите.

Тој егзекутираше сериски убијци, но и политичари, па дури и напиша книга за тоа. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан