• недела, 22 декември 2024

Почина холандската фудбалска легенда Јохан Нескенс

Почина холандската фудбалска легенда Јохан Нескенс

 

Ден Хаг, 7 октомври 2024 (МИА) – Еден од најдобрите холандски фудбалери на сите времиња и еден од творците на таканаречениот „тотален фудбал“ во 70-те години од минатиот век, Јохан Нескенс, почина во неделата на 73-годишна возраст, соопшти денеска Фудбалската федерација на Холандија (КНВБ).

„Со заминувањето на Јохан Нескенс, холандскиот и светскиот фудбал загубија легенда“, објави КНВБ.

Нескенс беше играч од средниот ред кој важеше за еден од најважните соработници на Јохан Кројф во сите успеси на Ајакс, Барселона и холандската репрезентација. Нескенс со Ајакс освои три последователни европски шампионски титули од 1971 до 1973 година, додека со Холандија двапати го освои второто место на светските првенства, губејќи во финалето од домаќините, во 1974 година од Германија и во 1978 година од Аргентина.

Откако ја заврши кариерата како фудбалер, Нескенс беше тренер, работејќи пред сè во земјите во кои фудбалот беше во развој. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан