• недела, 22 декември 2024

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

Струга, 8 ноември 2024 (МИА) - Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција.

Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер...

Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил.

- Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, стои во информацијата.

Сочуство до семејството упати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.

Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта. сс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан