• петок, 05 декември 2025

Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал

Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал

Прилеп, 30 април 2025 (МИА) - На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, поранешен фудбалер на Победа од Прилеп.

Здравески како фудбалер го предводеше прилепскиот клуб до првата шампионска титула, а потоа и како тренер со Победа ја освои втората титула. 

Тој речиси цела кариера ја мина во Победа, кратко време беше тренер и на тимот на 11 Октомври, а како фудбалер играше и за Вардар.

Има два настапа и за македонската репрезентација. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан