• сабота, 13 јули 2024

Почина НБА легендата Џери Вест

Почина НБА легендата Џери Вест

 

Њујорк, 12 јуни 2024 (МИА) – Легендарниот американски кошаркар и долгогодишен функционер на НБА лигата, а воедно и инспиратор на нејзиното лого, Џери Вест, почина на 86-годишна возраст.

Вест беше еден од најдобрите кошаркари во почетоците на НБА, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, а целата своја кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше 14-кратен НБА ол-стар учесник, а по седум обиди и неуспешни финалиња конечно ја освои шампионската титула во 1972 година. Како тренер ги водеше Лејкерси во периодот од 1976 до 1979 година.

Неговата одлична игра на бековските позиции ја инспирираше лигата да ја стави неговата силуета како лого на НБА.

Како генерален директор и соработник во клупските раководства, Вест беше уште поуспешен – дури шест пати ја освои шампионската титула со Лејкерс – прво во ерата на Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар, а потоа и Коби Брајант и Шекил О’Нил, за чиј тандем и еден од најзаслужните бидејќи го донесе О’Нил во ЛА.

Како дел од раководството на Голден Стејт Вориорс беше соработник во создавањето на шампионската генерација во 2015 и 2017 година како вработен во клубот, а истиот тим уште два пати ја освојуваше титулата.

Неговиот последен ангажман беше во раководството на ЛА Клиперс, каде беше советник од 2017 година. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан